МТ Сервис

Кончар Инг нуди одржување, сервисирање и замена на стари со нови регулациони склопки од производната програма на Reinhausen, Германија, за енергетски и специјални трансформатори. Дејноста се извршува во соработка со МТ Сервис, Загреб, Р. Хрватска кој е овластен ПРЕМИУМ СЕРВИСЕР на Maschinenfabrik Reinhausen (MR) од Регенсбург, Германија, за просторите на поранешна Југославија.

Исто така нудиме одржување, сервисирање и замена на следните регулациони склопки на енергетски и специјални трансформатори: TRO, ASEA, ELIN, ELTA, KONČAR, ELPROM, HOLEC и NATIONAL. При секоја интервенција се користат оригинални резервни делови од соодветниот производител, а во случај да не постојат, се користат адекватни од MR.